Skip to main content

Се заканува ерупција на вулкан во Европа

Постојат неколку сценарија за тоа што би можело да се случи

 |  инфодеск  | 

Постои голема можност дека вулканот Bardarbunga на Исланд да еруптира. Имено, исландската влада во понеделникот го променила статусот на вулканот, кој се наоѓа под најголемиот европски ледник, во “портокалово”, што значи дека е зголемен ризикот од ерупција и облак на пепел. Станува збор за втор степен на ризик на скалата до пет.

За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност ќе резултира со експлозивна ерупција, што би довело до емисија на пепел. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека Bardabunga лежи 700 метри под мразот и за да го пробие ерупцијата би требало да е масивна, пишува Business Insider.

Ерупцијата на исландскиот вулкан Eyjafjallajokull  во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до ерупција постојат неколку можни сценарија кои за Business Insider ги издвои Lorcan Roche Kelly кој на почеток нагласи дека постои можност ерупција да нема и дека е сѐ во фазата “ако”.

Првата опција е ерупцијата да биде мала за да направи нешто штетно. На тоа подрачје се случи ерупција во 1996 година и не го пробила мразот.

Понатаму, би можела да го пробие мразот и да предизвика мал облак на пепел, и да доведе до минимален прекин на воздушниот сообраќај во Европа.

Една од опциите е да се повтори ерупција слична на вулканот Eyjafjallajokull , што значи дека би можеле да се соочиме со огромен прекин на воздушниот сообраќај.

И на крајот, мала е можноста дека ерупцијата би можела да биде нешто големо. Во тој случај главен проблем не би бил воздушниот сообраќај, иако би довело и до него, туку поразителното влијание врз климата и земјоделството во делот на северната хемисфера.

{loadposition content9}