Џенерал Моторс (GM), кој во Русија има свои производствени погони, одлучил привремено да не прима уплати на купувачите, за да го намали ризикот на работењето и загубите. Во оваа компанија велат дека возилата од марките Шевролет, Опел и Кадилак кои се порано платени ќе бидат испорачани по договорената цена. GM сеуште не знаат кога ќе продолжат со продажба.
Во исто време, Ауди исто така ја стопира продажбата на автомобили, додека производството во локалната фабрика во градот Калуга ќе биде прекинато во периодот од 22 декември до 12 јануари за време на новогодишните и божиќните празници. Портпаролот на Ауди во Русија изјавил дека продажбата ќе продолжи кога ќе се формира нов ценовник.
Од друга страна Волксваген и понатаму може непречено да се продава, но германскиот производител соопштил дека се многу загрижени поради моменталната ситуација на рускиот пазар.
Јагуар Ленд Ровер ќе ја прекине продажбата од 19 декември, поради моменталната економска ситуација во таа земја.
Тојота засега не планира да прекине со продажба, но е принудена да ги корегира цените за да се прилагоди на актуелните услови за работа во Русија, соопштила компанијата.
Рубљата од јуни 2014 до сега девалвира повеќе од 40%, што влијаеше на работењето на странските автообилски компании. Се проценува дека БМВ само во последниот квартал на годинава ќе забележи загуби помеѓу 100 и 150 милиони евра, ако руската валута достигне 50% девалвација.
{loadposition content9}