Околу 140 светски моќници, политичари, научници и бизнисмени ќе имаат тродневен состанок зад затворени врати во изолиран луксузен хотел во близина на тиролскиот туристички центар Seefeld.
Потенцијални долгорочни последици на актуелната ситуација во Грција, Британија, Иран и Русија и светските трендови ќе бидат главни теми на состанокот на моќната група Bilderberg на тродневниот состанок кој започнува во четврток во австриските Алпи.
Меѓу учесниците се британскиот министер за финансии George Osborne, чија влада ќе допушти изјаснување на нивните граѓани дали ќе остане во Европската унија, генералниот секретар на НАТО Jens Stoltenberg, шефот на Еврогрупата Jeroen Dijsselbloem, германската министерка за одбрана Ursula von der Leyen и поранешниот државен секретар на САД Henry Kissinger.
Таму ќе бидат и австрискиот претседател Heinz Fisher, како и белгискиот и холандскиот премиер Charles Michel и Mark Rutte. На собирот се очекуваат и водечките луѓе на Deutsche Bank, нафтената компанија BP, француската осигурителна куќа Axa и на американскиот Black Rock.
Наречена спрема холандскиот хотел во кој е основана во 1954 година, групата Bilderberg се состанува најмалку еднаш годишно за да расправа за глобални прашања. На учесниците им е дозволено да зборуваат за состаноците, но не и за нивната содржина, што придонесува за перцепцијата дека организацијата има таен круг на влијание и моќ во светот.