Zara има ефикасен ланец на добавувачи и многу брзо ги полни полиците со артикли кои можат да се видат на модните писти, а компанијата често ја фалат дека има и најдобар модел на работа во бизнис секторот.
“Уверени сме дека Inditex, компанија во сопственост на Zara, има најдобар бизнис модел кога станува збор за продажба на облека и очекуваме двоцифрен раст на заработка на Inditex во периодот од следните пет години”, објавено е во анализта која ја носи Wall Street Journal.
Како што се чини овој беспрекорен успех не е случајност. Zara во својот ракав има оружје кое и овозможува да ги избегне промашувањата кои се многу чести во модната индустрија.
Еден од водечките луѓе на Inditex, Jesus Echevarria, неодамна за порталот Rafinery29 објаснил дека компанијата има центар за обработка на податоците кој работи 24 часа на ден. Тој центар ги собира податоците за продажба од секоја поединечна продавница и посебен тим работи со реакциите на купувачите.
Многу конкуренти на Zara во изминатите години имаа проблеми бидејќи ги промашија саканите целни групи од потрошувачите, но Zara се чини дека тој проблем го решава пред да се појави.
Фактот дека не изложуваат премногу артикли со сличен моден стил е уште една предност на Zara пред конкуренцијата бидејќи на тој начин го решаваат и проблемот со чистење на залихи.