Skip to main content

Заработува големи суми само од објавување твитови

Twitter го промени неговиот живот за кратко време

 |  инфодеск  | 

Ако сте поминале барем некое време на Twitter сигурно сте налетале на UberFact профилот. Имено, на овој профил се објавуваат разно разни интересни факти за секакви теми. Профилот има преку 9,4 милиони следачи со преку 81.000 твитови.

Kris Sanchez не ни помислувал дека Twitter ќе му го смени животот за толку кратко време и дека ќе заработува преку 500.000 долари годишно, но тоа се случи и Kris живее живот каков што сите би посакале.

Kris за Business Insider истакнал дека отворил профил на Twitter со намера да ја следи Britney Spears чиј е голем обожавател. Откако го отворил профилот сватил дека нема што многу да објавува па започнал да споделува разно разни факти кои му биле интересни, а во 2011 година одлучил секои 15 минути да објавува по еден факт.

Само една година подоцна UberFacts стана популарен профил со преку 200.000 следачи меѓу кои се нашле и ѕвездите како што се Paris Hilton и Khloe Kardashian, што секако помогнало во понатамошната промоција, а ги донесло и првите приходи.

“Не можев да верувам дека добивам чекови на 600 до 800 долари неделно за да објавувам линкови”, истакнал Kris кој сега заработува околу 500.000 долари годишно, има вработено неколку лица а неодамна покренал мобилна апликација на која заработува додатни 60.000 долари неделно.

Од Twitter UberFacts се проширил и на Facebook и Instagram каде има поприличен број на следачи и што сигурно ќе му донесат додатни приходи.

Интересно е да се видат луѓе кои заработуваат од објавување на твитови, и тоа поприлично добри суми на пари.

{loadposition content9}