Најголемата машина на светот вредна 4,6 милијарди долари, големиот хадронски удирач или трагач по таканаречената божја честичка, која се наоѓа во швајцарскиот CERN застана со работа откако мала ласица се вовлекла во неа и го прегризала струјниот кабел. При тоа ласицата настрадала од ударот на 66.000 волти напон од трансформаторот кој ја покренува машината.
LHC бил под полн напон кога научниците забележале сериозна електрична пертурбација во раните утрински часови во петокот. Пратена е инспекција која го открила несреќното животно во одделот за енергетика кој ја снабдува машината со електрична енергија.
Портпаролот на CERN изјавил дека не е изненадување што влегло животно кај машината бидејќи таа се наоѓа во рурална средина. Пред седум години LHC, исто така, бил запрен откако некое друго животно предизвикало кратка врска, но тогаш остатоци од животното не биле пронајдени.
Ќе бидат потребни неколку дена за удирачот да биде поправен, пишува Sky News.