Skip to main content

Застрашувачки план на Исламската држава во следните 12 месеци

Милитантите имаат намера да дојдат до нуклеарно оружје

 |  инфодеск  | 

Запрепастувачката вистина која Исламската држава планира да ја отствари во следните 12 месеци е да го држи светот в рака со помош на нуклерано оружје.
Спрема извештаите на пропагандниот магазин на Исламската држава, милитантите планираат да дојдат некако до својата прва нуклеарна бомба во рок од 12 месеци. Нивниот план е да набават атомско вооружување преку трговци со оружје кои се поврзани со корумпирани пакистански функционери.
Исламската држава сепак признава дека во ваков случај би се соочиле со предизвици при набавката на ваков тип на оружје и дека сепак би можеле да се задоволни  и со неколку тони експлозивен амониум нитрат.
Текстот наводно го напишал британски заложник и новинар John Cantille, а во него се тврди и дека нападите од минатото ќе бидат безначајни во однос на тоа што се планира во иднина.
“Ќе се трага по нешто големо, нешто што било која операција од минатото ќе изгледа како пукање во верверичка, а како што се зголемува бројот на милитантни групи кои ветуваат верност, голема е веројатноста дека ќе успеат да изведат нешто епски” , стои во текстот, а го пренесува news.com.au.
Новата пропаганда следеше по двете големи победи на Исламската држава, меѓу кои е превземањето на потполната контрола над древната Палмира. Падот на Палмира претставува голем пораз на сирискиот претседател Асад не само поради своето културно значење туку и поради стратешката позиција на градот кој им отвора пат на екстремистите да напредуваат према клучните подрачја кои се под надзор на владата, вклучувајќи ги Хомс и Дамаск.