Skip to main content

Затнување на нафтен извор на руски начин за почетници

Додека Американците се спремаат со 12 метарска купола, тешка над 100 тони да го затнат нафтениот извор во Мексиканскиот залив, Русите им нудат една веќе испробана метода – фрлете му нуклеарка. Испробана? Да, до сега 5 пати.

 |  Маја Савиќ  | 
nuklearka
нуклеарка
meksikanski zalivВо советско време, пишува Комсомолоскаја правда вакви истекувања биле сопирани со контролирани нуклеарни експлозии под земја, при што експлозијата ги поместува карпите, врши притисок и во суштина го стиска каналот.

Руските медиуми методата ја опишуваат како многу едноставна, која што прв пат била практикувана во Узбекистан, на 30-ти септември 1966-та, со експлозија 1,5 пати посилна од јачината на бомбата фрлена врз Хирошима, на длабочина од 1,5 километри.

Последната од петте вакви експлозии била предизвикана во 1979-та. Единствената неуспешна експлозија била близу Краков, Украина, која што не можела да сопре истекување на гас.

Рускиот печат забележува дека во Советскиот Сојуз биле предизвикани и 169 подземни нуклеарни експлозии за секојдневни задачи, како креирање на  подземни складишта за гас или за изградба на канали.

“Со ваков рекорд, шансите за неуспех во Мексиканскиот залив се 20%. Американците, апсолутно треба да ризикуваат,“ наведува Комсомолоскаја правда.
{loadposition content9}