Затвор за лидерот на ЕТА
Шпанскиот суд нареди да бидат испратени во затвор лидерот на баскиските сепаратисти Арналдо Отеги и четворица негови соработници, осомничени дека сакале да го возобноват раководството на Батасуна, политичкото крило на забранетата ЕТА.

Петмина други баскиски сепаратисти, кои беа приведени во вторникот во Баскија и Навара, се ослободени.
Меѓу испратените во затвор е и Рафаел Диес Усабиага, бивш секретар на синдикатот ЛАБ, сметан за една од највлијателните фигури на баскиското сепаратистичко движење.
Според шпанскиот суд, петчлената група од почетокот на оваа година се обидувале да го возобноват раководството на Батасуна, „следејќи ги инструкциите” на вооружената група ЕТА, која се смета за одговорна за смртта на 828 лица во 41-годишната историја на конфликтот во Баскија.
{loadposition content9}