Skip to main content

Интернет

Завршува 27 годишната одисеја на Експлорер

Некогаш најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95 отсто удел на пазарот. Но, неговата употреба е значително намалена со лансирањето на „Фајрфокс“ (2004), „Гугл хром“ (2008) и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како Андроид и иОС кои не поддржуваат „Интернет експлорер“.
 |  инфодеск  | 
Интернет експлорер

Легендарниот интернет пребарувач Интернет експлорер ја завршува својата одисеја, што значи „Мајкрософт“ по 27 години ќе престане да обезбедува техничка поддршка од денеска – 15 јуни.

Интернет експлорер беше влезот во интернет што ја одбележа ерата на „Мајкрософт“, пред појавата на Гугл, Фејсбук и ТикТок, во време кога пребарувачот мораше да се инсталира во компјутер преку цеде.

Интернет експлорер својата одисеја ја започна со Виндоус 95 во 1995. Компанијата со години го згаснуваше, а во 2019 го користеле само 8% од луѓето. Сајтовите и апликациите засновани на Експлорер ќе продолжат да работат со Еџ најмалку до 2029 година.

Своевремено беше најпопуларен интернет пребарувач, покривајќи 95% од пазарот во 2003, но неговото користење беше во постојан пад од 2010, кога приматот почнаа да го преземаат далеку побрзите пребарувачи Фајрфокс и Хром.