Спрема податоците на Британскиот центар за истражување на рак, пушењето е најважното помеѓу причините за рак кое може да се избегне со промена на начинот на живеење, а по него следува нездравото хранење. Ограничувањето на алкохол и редовно вежбање помагаат за намалување на ризиците од карцином.
Спрема податоците од 2007 до 2011 година повеќе од 300.000 случаеви на рак во Британија се поврзани со пушењето. Нездравата храна во овој петгодишен период е поврзана со 145.00 случаи, а 62.000 случаи на карцином се поврзани со алкохолот.
Ризичните фактори се и оштетувањата на кожата поради големо изложување на сончеви зраци и физичката неактивност.
Статистичарот Max Parkin, од Британскиот центар за истражување на рак на лондонскиот универзитет Queen Mary, вели дека нема никакви сомнежи дека одредени начини на живеење имаат големо влијание на појавата на карцином. “Истражувањата ширум светот укажуваат на исти фактори на ризик”, вели тој и додава “Здравиот начин на живот не може да гарантира дека некој не може да добие рак, но можеме да ги намалиме ризиците со овие позитивни чекори кои ги превземаме, а тој ризик ќе го намалат во иднина”.
{loadposition content9}