Земјата во која не се слави Нова Година
Верската полиција на ултраконзервативна Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не ја прославуваат Новата година.
Верската полиција на ултраконзервативна Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не ја прославуваат Новата година, а забраната ја образложиле со едикт на врховниот Комитет на верските поглавари, наведува саудискиот весник „Оказ“.
За разлика од останатите држави во Заливот кои го прифатија Грегоријанскиот календар , Саудиска Арабија официјално го прифати муслиманскиот, пренесе „Франс прес“.
Верската полиција ги спроведува законите на кралството со кои е предвидена строга забрана на мешање помеѓу половите и прикривање на целото тело и главата на жените во јавноста.
Помеѓу останатото полицијата чиј што лидер од јануари 2012 година е имамот Абдулатиф бин Абдулазиз ал Шеик ги надгледува и продавниците за да се увери дека се затворени за време на молитвите.
{loadposition content9}