
Најмалку 23 лица се повредени во четвртокот вечерта во јужна Турција во земјотрес со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека повеќето од повредите се предизвикани од падови затоа што луѓе во паника скокале од голема височина.
Shaking images taken by the camera in the earthquake with a magnitude of 5.3 that occurred in the city of Malatya, Turkey, in the evening hours, pic.twitter.com/Rb7yqIiuEb
— Nico (@Nico00503) August 10, 2023
Центарот за следење на земјотресот во Истанбул извести дека земјотресот се случил во четвртокот во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јешиљурт во провинцијата Малатија. Провинцијата Малати беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари. Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека тогаш во Малатија загинале околу 2.300 луѓе. На 6 февруари, два големи и многу последователни потреси ја опустошија југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.