Skip to main content

Меѓу закинтос и кефалонија

Земјотрес од 5,4 степени во Јонското море

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.
 |  инфодеск  | 
Земјотрес Јонско море

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.

Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.

Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.