Земјотрес во западна Турција, повредени над 22 лица
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала минатата вечер ја погоди Западна Турција.

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.
Според последните информации, урнати се три згради, а пристигнати се над 500 пријави за оштетени објекти. Властите изјавија дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.







