Skip to main content

Хорор во манчестер

Жена претепала седуммесечно бебе

Уапсена 30-годишна жена која претепала седуммесечно бебе. Полицајците ја испрашаа осомничената жена, која подоцна беше пуштена со кауција.
 |  инфодеск  | 
Полициска сирена

Седуммесечно девојче се бори за живот откако било нападнато во градинка во Олдам.

Полицијата во Манчестер уапси жена на 30-годишна возраст под сомнение за напад на дете, откако седуммесечно бебе тешко се разболе во градинката Kids Around The Clock во Олдам, пишува Дејли Меил.

Полицијата соопшти дека девојчето на 21 септември околу 15:45 часот било префрлено во болница каде се уште е во тешка состојба. Полицајците ја испрашаа осомничената жена, која подоцна беше пуштена со кауција.

Во контакт сме со родителите на детето и ги известуваме за резултатите од истрагата и им даваме поддршка – соопштија од полицијата.