Skip to main content

Жената која требаше да ги роди внуците на Бин Ладен имаше спонтан абортус

Британката Луси Полард требала да му роди близнаци на Омар Бин Ладен, но неодамна била нападната во Сирија додека се враќала од некое кафуле. Потоа таа имала спонтан абортус…

 |  Маја Савиќ  | 
Lusi Polard
Луси Полард
Lusi PolardЛуси Полард (25), која како сурогат мајка требала да му роди близнаци на Омар Бин Ладен, имала спонтан абортус. Таа беше во десетата недела од бременоста, но во Сирија била нападната од двајца мажи, па ги изгубила близнаците.

Напаѓачите ја мавале, па таа паднала на земјата од ударите, а мажите побегнале. Лекарите и кажале дека ги изгубила близнаците, пишува Daily Mail.

Таа не го пријавила нападот во полицијата и не знае зошто воопшто некој сакал да ја нападне. Луси кажала дека нема уште еднаш да биде сурогат мајка за Омар (29) бидејќи тој бил болен од шизофренија и имал халуцинации.

Омар и неговата сопруга ја ангажирале Луси бидејќи неможеле да имаат деца по природен пат. Омар и Британката Заина не живеат заедно откако тој се разболел.

{loadposition content9}