Skip to main content

Зголемен број разводи по празниците

Многу британски парови кои крајот на годината го дочекаа исцрпени од напорите да платат рата за станбен кредит, да ја сочуваат работата, да и одолеат на рецесијата и, колку толку да го прослават Божик, Новата година најверојатно ќе ја започнат со развод на бракот.

 |  Крсте Голабовски  | 
razvod
развод
Многу британски парови кои крајот на годината го дочекаа исцрпени од напорите да платат рата за станбен кредит, да ја сочуваат работата, да и одолеат на рецесијата и, колку толку да го прослават Божик, Новата година најверојатно ќе ја започнат со развод на бракот.

Општинските власти ширум Велика Британија очекуваат пораст на бројот на барањата за развод на бракот, соопшти Асоцијацијата на локалната управа во земјата.

Таа прогнозира дека брачните проблеми својот врв ќе го достигнат во почетокот на јануари кога бројот на молби за развод на бракот би можел да биде дури за 50 отсто поголем отколку во било кој период од годината.

Поради економската криза, „јануарската сезона на разводи оваа година би можела да биде полоша отколку досега“ соопшти Асоцијацијата.
Јануари инаку е и месец кога луѓето во Западна Европа традиционално се разведуваат, бидејќи често после пропаднатите божиќни празници и големите трошоци сфаќаат дека повеќе неможат да живеат во промашен брак.

razvodОваа година, натрупаните отплати за станбени кредити и други економски и финансиски тешкотии за многу сопружници ќе бидат капката кои ќе ја прелее чашата.
Британските медиуми пренесуваат дека анкетата која Асоцијацијата на локална управа ја спорведе во 155 општини веќе покажала драстичен раст на барањата за помош на финансиските и брачните советувалишта.

Бројот на парови кои се обратиле до брачните советувалишта особено е зголемен во Лондон, каде има голем број жители вработени во финансискиот сектор кои најтешко е погоден со кризата.
Економската криза не само што внесе нов раздор во многу семејства туку и ја забрза одлуката на многу парови кои размислувале за развод.
Сопружниците кои имаат пари брзаат да направат нагодба со брачните партнери додека вредноста на имотот е се уште мала, а тие кои немаат сопствен имот брзаат да се нагодат бидејќи се загрижени дека се ќе изгубат ако вредноста на имотот на нивните партнери дополнително падне.
Каролина Гордон Смит, од адвокатската канцеларија „Стивенс и Болтон“ вели дека бројот на клиенти кои бараат совет исто така се зголемил за 50 отсто.
Во Велика Британија, предбрачните договори не се обврзувачки, но судот често ги зема во предвид.
Според податоците на националниот Завод за статистика, бројот на разводи во Велика Британија во изминатите 50 години е повеќекратно зголемен од 24.000 во 1957 година на 130.000 илјади во 2007 година.

 

 

{loadposition content9}