Канцеларијата за надзор на странски средства на американското министерство за финансии (OFAC) воведе мерки против осум приватни и правни лица кои му пружаат поддршка на Генадиј Тимченко, рускиот милијардер и трговец со гас кој веќе е под санкции. Мерките се воведени и против управата на кримското пристаниште и против некогашни украински функционери.
Мета на санкциите се и две правни лица кои соработуваат со Борис Ротенберг, руски бизнисмен и соработник на претседателот Путин.
Со овие мерки целта е Русија да се присили да се придржува на обврските на кои се согласи во Минск, а на кои суштината е да се запре конфликтот помеѓу украинските сили и проруските сепаратисти на истокот од Украина.
“Денешните постапки ја нагласуваат нашата одлучност да го одржиме притисокот кон Русија поради кршењето на меѓународното право и поради поттикнување на конфликтот на истокот од Украина”, се вели во соопштението на вршителот на должност на OFAC, John Smith.
САД воведоа санкции и за четворица украински функционери и нивни соработници поврзани со некогашниот претседател Виктор Јанукович кој минатата година беше соборен на улични протести, а потоа пребегна во Русија.