Животот на Tимошенко во опасност?
Олександр Тимошенко, сопругот на Јулија Тимошенко прозборе за намерата на руските власти да ја ликвидираат неговата сопруга во затворот.
Олександр Тимошенко, сопругот на Јулија Тимошенко прозборе за намерата на руските власти да ја ликвидираат неговата сопруга во затворот.
Иако се држеше подалеку од политиката и се занимаваше со бизнисот, специјално за Глобус прозборе за неговиот брак со Јулија, нејзината политичка ангажираност и верува декаа врз неа ќе се примери сталинистичкиот начин на ликвидација. Олександр ја запознал Јулија бирајќи погрешен број, наместо кај пријател, го згрешил последниот број и ја добил неа. Случајноста се претворила романса која се крунисала со брак од 1979 година. Сега неговата сопруга е в затвор, а не може да очекува помош дури ни од Владимир Путин, кој верува дека не е виновна.
Но, Олександар смета дека зад тоа се крие вистинската намера, руските власти со помош на украинските да ја ликвидраат. Јулија штрајкува со глад во затворот. Поради нејзината одлучност го доби и прекарот Украинската Јованка Орлеанка. Олександр стравува дека таа со глас сака самата да се убие, за да не дозволи властите да ја осудат или да и пресудат.
Виктор Јанукович и неговите соработници планираат да ја скршат – вели Олександр – Ги применуваат сите методи на понижување. Знам дека е тепана во затворот и постојано фршат притисок врз неа. Таа нема намера да престане да се изгладнува. Сето ова што го прави владата е само со една цел, да ја убијат. Ја преместија во болница без нејзина согласност, а таа бараше да се сретне со адвокатите пред тоа. Тајно ја носат, па ја враќаат назад. Јасно е дека никој не мисли да ја лекува и тоа се прави за да јавноста мисли дека таа одбива лекување.
{loadposition content9}