Skip to main content

Зошто американците ги уништиле фотографиите од убиството на Бин Ладен?

Шефот на американската специјална операција, адмирал Вилијам Мекравен, единаесет дена по убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, наредил да се уништат сите фотографии од неговиот труп или да и бидат предадени на ЦИА, пренесува Еј–Би–Си.

 |  Голабовски Крсте  | 
Osama Bin Laden
Осама Бин Ладен

Шефот на американската специјална операција, адмирал Вилијам Мекравен, единаесет дена по убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, наредил да се уништат сите фотографии од неговиот труп или да и бидат предадени на ЦИА, пренесува Еј–Би–Си.

Osama Bin LadenОваа информација е објавена откако во јавноста се појави неговата порака која била испратена до неговите подредени на 13 мај 2011 година.

Наредбата за уништување стигнала откако активисти побарале слободен пристап до информациите бидејќи убиството на Осама бин Ладен било нетранспарентно по однос на информирањето на јавноста.

На крај на активистите им била соопштена содржината на адмираловата порака, но не била доставена и нејзина копија.

Групите активисти поднеле тужби до судовите, но американската влада тврдела дека информациите мора да останат тајна.

Пентагон на крај одговорил дека пораката на адмиралот е единствениот достапен документ за убиството на Осама бин Ладен

{loadposition content9}