Грејпфрутот е вистинска бомба полна со лековити супстанци како што се витамините А и С, минерали од калциум, фосфор и калиум, ги спречува инфекциите и настинките, ги прочистува цревата и сето тоа го чини овошје кое би требало да си најде место во секое домаќинство. Кога станува збор за влијанието врз физичкиот изглед, помага кај тегобите со вените и го забрзува метаболизмот и поради тоа е одличен сојузник при слабеењето. Еве уште три причини зошто треба да се јаде грејпфрут:
-Долго ве држи сити – Грејпфрутот е полн со влакна поради кои ве држи сити и ја намалува можноста за непотребно грицкање. Половина грејпфрут содржи само 50 калории и 2 грами влакна. Ако изедете половина грејпфрут на ден, докажано е дека побзо ги губите килограмите, особено ако го конзумирате наутро.
-Го стабилизира шеќерот во крвта – Во ова магично овошје се наоѓаат состојки кои го намалуваат нивото на инсулин. Помало ниво на инсулин значи дека организмот храната ќе ја користи за енергија а не за потхранување на масните ткива.
-Мирисот го намалува апетитот – Ако сакате грејпфрутот да ви помогне при слабеење, пред да го изедете, мирисајте го! Имено, неговиот мирис го намалува апетитот, а се верува дека за тоа е заслужно маслото од грејп чиј мирис делува на ензимите на црниот дроб намалувајќи ја така желбата за храна. Ова е причина повеќе во својата бања да имате производи кои мирисаат на ова освежувачко овошје.
{loadposition content9}