Корисници на Facebook потпишувале петиции и често барале од Mark Zuckerberg да се воведе на оваа мрежа “dislike” со кој би се овозможило, без коментари и влегување во распарави, на едноставен начин и со еден клик на глувчето, да се покаже што се мисли за некоја објава, статија или фотографија. Екипата од оваа социјална мрежа до сега не излегла во пресрет, а како што објасни Bret Taylor, поранешен технолошки директор кој е заслужен за воведувањето на “like”, оваа мрежа нема никогаш да го воведе “dislike”.
Taylor признал дека за време на воведувањето на “like”, дискутирале и за палецот надолу, но заклучиле дека ситуацијата со “dislike” е прекомплексна. Главна причина поради која се откажале од нејзино воведување било “негативноста на тоа копче привлекува голем број на несреќни последици”. Првичната причина за која е воведен “like” било тоа што на интернет често сакаат да дадат до знаење дека некоја објава е забележана, но не сакале да ја коментираат или да пишуваат коментар од еден збор како “super”, “cool” и слично. Facebook допаѓањето го вовел како замена за таквите непотребни коментари, но “dislike” со сигурност би делувал на поинаков начин и би предизвикал бројни негативности, недоразбирања и злоставување помеѓу корисниците.
Ако нешто не ви се допаѓа, подобро е да се напише коментар и тоа да го образложите, додал Taylor, бидејќи еден клик на “dislike” може да доведе до големи проблеми и конфликти на мрежата, а секако, не треба да се додава како би влијаело тоа на огласувачите на оваа мрежа. На Independent се коментирало дека и покрај инженерите и технологијата поради кои Facebook стана огромна и доминантна во светот, кога е во прашање моралот во социјални ситуации, се чини дека екипата од Facebook има сличен совет како и родителите: “Ако не можете да кажете ништо добро, тогаш подобро молчете”.
{loadposition content9}