Основачот на Facebook, Mark Zuckerberg, оваа недела ја посети Барселона и саемот на мобилна индустрија Mobile World Congress, а причината не била телефонот на Facebook (за кој многу се зборува), туку само учествувал на конференцијата на која одговарал на прашања од новинари. Веројатно најинтересното прашање било поврзано за вработување на нови луѓе во Facebook па така еден од новинарите прашал кои карактеристики ги бара од кандидатите за работа, односно каков кандидат тој би вработил. Mark му дал едноставен и многу интересен одговор. Имено, тој вели дека ќе ги вработи само оние лица за кои и тој самиот би работел и тоа е единственото прашање кое си го поставува при вработување – дали тој самиот би работел за тоа лице. “Тоа е прилично добар тест и досега ова правило добро ме служи”, ги пренесле неговите зборови на Daily Mail.
На оваа конференција тој зборувал и за иднината на својата мрежа и рекол дека мораат да останат фокусирани и дека најважна работа е бројот на неговите луѓе остане што помал. Facebook опслужува повеќе од една милијарда луѓе – тоа им го овозможува модерната технологија и ќе настојува и во иднина да задржи што помалку вработени. Исто така додал, додека останатите технолошки компании вложуваат во автомобили, соларни електрани и слично, нивната цел ќе остане поврзувањето на сите луѓе во светот, а дел од тоа е и проектот Internet.org кој ќе им овозможи пристап на интернет н лужето во земјите во развој кои имаат слаба инфраструктура, за да Facebook се приближи до што поголем број на луѓе.
{loadposition content9}