Skip to main content

Нетфликс ја создаде првата серија со вештачка интелигенција

Нетфликс со историски чекор во светот на филмската и ТВ продукцијата користејќи генеративна вештачка интелигенција за креирање визуелни ефекти во новата аргентинска серија.
 |  инфодеск  | 
laptop, netflix, entertainment, technology, movies, watch, leisure, screen, shows, fun, netflix, netflix, netflix, netflix, netflix

Аргентинската научнофантастична серија „Вечниот патник“ („The Eternaut“) е првата серија од продукцијата на Нетфликс која вклучува користење снимки создадени со помош на генеративна вештачка интелигенција.

Еден од извршните директори на Нетфликс, Тед Сарандос, изјави дека во серијата која го прикажува преживувањето од брзи и разурнувачки токсични снежни врнежи, учествувале „Нетфликс“ и уметници за изработка на визуелни ефекти кои користеле вештачка интелигенција за прикажување на рушењето на зграда во Буенос Аирес.

-Таа секвенца со визуелни ефекти беше завршена десет пати побрзо отколку што би се завршила со користење на традиционални алатки и работни процеси. Креаторите беа воодушевени од резултатот. Ние бевме воодушевени. И најважно од сè, публиката беше воодушевена, изјави Сарандос.

Тој во неговата изјава додаде и дека употребата на алатките со вештачка интелигенција овозможи финансирањето на серијата да биде по многу пониска цена отколку што е типично за продукција со висок буџет.