Сеп 12, 2024
заедницата има многу лица
„Заедницата има многу лица“ – успешен проект на ТВМ
Шесте кратки видео стории претставени во визуелно привлечен медиумски формат, го привлекоа вниманието на публиката и покажаа дека многу луѓе сакаат да бидат видени и слушнати, да се слушнат нивните ставови и мислења. Сакавме да зборуваат за нивните животи, што ги поддржува, што не, и што би сакале да се промени и да ги инспирира локалните власти да ги земат предвид нивните потреби при креирањето политики и буџетирање, како и да ја подигнеме свеста во заедницата дека мора да се грижиме еден за друг.
Сеп 10, 2024
Заедницата има многу лица
Младиот Павел Илијовски сака својот сон да го оствари во Охрид
Павел Илијовски е ученик во РЦСОО “Ванчо Питошески” – Охрид на насоката Готварство. На само 18 години веќе има отворено свој угостителски објект во којшто работи со својот поголем брат.
Авг 30, 2024
Заедницата има многу лица
Потреби и предизвици на младите во заедницата
Третата емисија во Заедницата има многу лица ја посветуваме на потребите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во образованието, при вработувањето и секојдневното живеење во градов, а кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики и колку во заедницата се води грижа за нив.
Авг 28, 2024
заедницата има многу лица
Георги Ставрески – Мора сите како општество да ги мотивираме младите поактивно да се вклучат во креирање на политиките на градот
Георги Ставрески за Заедницата Има Многу Лица раскажува за приправничкиот стаж, најтешкиот предизвик – вработувањето, волонтирањето, можностите за поминување на слободното време на младите но и можностите на младите во учествувото на креирањето на локалните политики.
Авг 14, 2024
заедницата има многу лица
Марта Пејоска – Треба да градиме посебен однос кон луѓето и местото во кое живееме
Марта зборува за животот во Охрид, за нејзината професија, за волонтерството, но и за нејзиното хоби.
Авг 7, 2024
Заедницата има многу лица
Анкета – Потреби и предизвици на жените во заедницата
Учествувајте во креирањето на емисијата од „Заедницата има многу лица“ така што ќе ја пополните нашата анкета во врска со секојдневното живеење на женската популација во заедницата.
Јул 29, 2024
Заедницата има многу лица
Катерина Василеска зборува за животот во Охрид, за можностите и ограничувањата
За знаењето и вештините кои Кате ги стекнала низ формалното и неформалното образование и 20 години во имплементирање проекти , вели дека во овој град, за жал, нема можности добро да заработува за живот. Таа менува многу работи, а во моментов заработува како туристички водич.
Јул 9, 2024
Заедницата има многу лица
Потреби, предизвици и проблеми на пензионерите во Охрид
Учествувајте во креирањето на емисијата така што ќе ја пополните нашата анкета, во која ќе дадете сугестија или ваше мислење, како да се подобри секојдневното живеење на нашите сограѓани од третото доба.