Skip to main content

Сеп 12, 2024
заедницата има многу лица
Шесте кратки видео стории претставени во визуелно привлечен медиумски формат, го привлекоа вниманието на публиката и покажаа дека многу луѓе сакаат да бидат видени и слушнати, да се слушнат нивните ставови и мислења. Сакавме да зборуваат за нивните животи, што ги поддржува, што не, и што би сакале да се промени и да ги инспирира локалните власти да ги земат предвид нивните потреби при креирањето политики и буџетирање, како и да ја подигнеме свеста во заедницата дека мора да се грижиме еден за друг. 

Сеп 10, 2024
Заедницата има многу лица
Павел Илијовски е ученик во РЦСОО “Ванчо Питошески” – Охрид на насоката Готварство. На само 18 години веќе има отворено свој угостителски објект во којшто работи со својот поголем брат.

Авг 30, 2024
Заедницата има многу лица
Третата емисија во Заедницата има многу лица ја посветуваме на потребите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во образованието, при вработувањето и секојдневното живеење во градов, а кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики и колку во заедницата се води грижа за нив.

Авг 28, 2024
заедницата има многу лица
Георги Ставрески за Заедницата Има Многу Лица раскажува за приправничкиот стаж, најтешкиот предизвик – вработувањето, волонтирањето, можностите за поминување на слободното време на младите но и можностите на младите во учествувото на креирањето на локалните политики.

Авг 14, 2024
заедницата има многу лица
Марта зборува за животот во Охрид, за нејзината професија, за волонтерството, но и за нејзиното хоби.

Авг 7, 2024
Заедницата има многу лица
​Учествувајте во креирањето на емисијата од „Заедницата има многу лица“ така што ќе ја пополните нашата анкета во врска со секојдневното живеење на женската популација во заедницата.

Јул 29, 2024
Заедницата има многу лица
За знаењето и вештините кои Кате ги стекнала низ формалното и неформалното образование и 20 години во имплементирање проекти , вели дека во овој град, за жал, нема можности добро да заработува за живот. Таа менува многу работи, а во моментов заработува како туристички водич.

Јул 9, 2024
Заедницата има многу лица
Учествувајте во креирањето на емисијата така што ќе ја пополните нашата анкета, во која ќе дадете сугестија или ваше мислење, како да се подобри секојдневното живеење на нашите сограѓани од третото доба.