Skip to main content

Каков е животот на пензионерите во Охрид со Зоре Илиевска

Со воведување на рубриката „Заедницата има многу лица“ сакаме различни групи граѓани (жени, лица над 65 години и млади) да артикулираат како живеат во градот, кои се нивните интереси и потреби, кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики.

Зоре Илиевска е пензионирана банкарска службеничка, волонтерка во Програмата за грижа на старите лица „Најди време” при Црвен крст Охрид, членка е на Здружение на пензионери на Охрид, стрелец со воздушно оружје…

Зоре пешачи секој ден покрај езерото. Сака да чита книги и да изработува плетени фигури. Старите лица не треба да бидат затворени дома, треба да бидат активни, да се социјализираат, вели таа.

Охрид е толку убав, да пешачиш, да уживаш во природа, околината е толку многу убава, климата исто така, погледот, езерото, планините. Сето тоа ти ја исполнува душата со позитивна енергија.Се обраќам до сите пензионери: мора да си го организирате животот така како што вам ви годи, ама не седете само дома. Излезете, градот ни е прекрасен. Макар до најблиската продавница да појдете и тоа е излегување.“ – вели Илиевска за „Заедницата им а многу лица“.

Но урбаната инфраструктира треба да биде „попријателска„ кон постарите лица.

Како да речам, тротоарите ни се малку падни –стани. Нема доволно сенки, тоа е факт. Преголем број на коли паркирани по тротоарите каде што не можеш да поминеш па често ние пешаците мораме и по улица да одиме, толку е тесен просторот што не можиш да се движиш по тротоар.“ – вели Зоре.

Зоре, како волонтер во Црвен крст, секојдневно се среќава со проблемите на старите лица на кои им треба поддршка и помош. На Охрид му е неопходен Дом за стари лица и Дневен центар за активно стареење за пензионери над 65 години, каде тие ќе се социјализираат, ќе се занимаваат со разни активности чија цел е подобрување на менталното и физичко здравје, вели Илиевска.

Погледнете ја видео сторијата со Зоре Илиевска за „Заедницата има многу лица“.