Skip to main content

Заедницата има многу лица

Катерина Василеска зборува за животот во Охрид, за можностите и ограничувањата

За знаењето и вештините кои Кате ги стекнала низ формалното и неформалното образование и 20 години во имплементирање проекти , вели дека во овој град, за жал, нема можности добро да заработува за живот. Таа менува многу работи, а во моментов заработува како туристички водич.

Катерина Василеска е дипломиран политиколог , Магистер по политички науки, самохрана мајка на едно дете, екологист, фриленсер, лиценциран туристички водич…

За Охрид вели дека е прекрасен град за семеен живот..

Охрид ги има сите природни убавини што човек може да ги посака. Имаме прекрасно езеро, планини, поле. Сите ние во Охрид имаме пристап до нашата храна односно можеме да ја произведуваме. Мислам дека тоа е многу важно и ќе биде уште поважно во времето што доаѓа. И во Охрид каде и да имате куќа имате пристап до вода. Сметам дека и тоа е многу важно во време кога водата ќе биде се поголем проблем, а ние сме тука благословени што имаме вода и природа и што можеме да ја одгледуваме сопствената храна.„ – вели кате во видео сторијата за „Заедницата има многу лица„.

Но за знаењето и вештините кои Кате ги стекнала низ формалното и неформалното образование и 20 години во имплементирање проекти , вели дека во овој град, за жал, нема можности добро да заработува за живот. Таа менува многу работи, а во моментов заработува како туристички водич.

Охрид мислам дека развива масовен туризам во моментот што мене лично не ми се допаѓа. Мислам дека Охрид треба да развива еден автентичен туризам. Ќе доаѓаат луѓе кои го ценат поради природата, природното и културното наследство, а не само за журки и за гласна музика и поради тоа што е евтин. Тоа што ни доаѓаат гости затоа што сме им евтини е многу лошо на долг рок. Буквално ќе го девастира градот…и тоа веќе го гледаме. Треба да има забава и за младите но тоа треба да се знае каде, на кој начин и да не смета на цел град. “ – вели Кате за доминатната стопанска дејност во Охрид.

Кате живее на периферијата на градот. Има голем двор и градина каде произведува органска храна. Вели дека животот во приградските населби во Охрид е убав и мирен. Додава дека потребно е да се посвети повеќе внимание на инфраструктурата и да се изградат повеќе игралишта, да се уредат повеќе велосипедски патеки по кои ќе може безбедно да се стигне до центар.

За среќа, во Охрид последниве 4 години се изградија и реновираа многу патишта и тоа е супер. Но не се мисли на се или можеби нема услови. Не сум задоволна од тоа како е решен сообраќајот во Охрид. Многу улици се тесни и насекаде се паркирани автомобили на местата наменети за пешаци. Дел од тоа е и до културата на самите граѓани , но најголем проблем за сообраќајот во Охрид е што се изградени згради без доволно паркинзи. Јас не разбирам кој дозволил и како може да се дозволи зграда со 20 станови да има три паркинзи. А тоа во Охрид е чест случај. “ – вели Кате.

Погледнете ја целата видео сторија Заедницата има многу лица со Катерина Василеска.