Младиот Павел Илијовски сака својот сон да го оствари во Охрид
Павел Илијовски е ученик во РЦСОО “Ванчо Питошески” – Охрид на насоката Готварство. Вели дека љубовта кон готвењето ја стекнал уште како многу мал додека и помагал на својата баба во кујната од која ги научил првите рецепти. Сега на само 18 години веќе има отворено свој угостителски објект, малечка сендвичара во која работи со својот поголем брат.
Павел вештините во готварството ги учи од практичната настава во средното угостителско туристичко училиште и е задоволен од своите професори. Но струката ја “печи” и во низа угостителски објекти во Охрид во кои или обавувал пракса или работел преку лето.
” Јас сметам дека шефот на кујна е најважниот вработен во еден ресторан и треба да биде ценет и добро платен. Меѓутоа јас мислам дека во Охрид не се ниту ценети ниту добро платени. Затоа ни се случува ова што го гледаме секоја сезона, сите стручни кадри заминуваат некаде во странство за да заработат повеќе пари. Откако станав полнолетен се почесто размислувам да заминам некаде во странство но ме држи тоа што имам свој бизнис.” – вели Павел во сторијата за “Заедница има многу лица”.
Немам слободно време за излегување во кафе барови и за забави, посочува Павел, но додава дека не се кае за одлуката да работи додека е средношколец. Вели дека енергија црпи од убавиот град и езерото.
” Имам среќа што живеам во толку убав град како Охрид . Многу често ми се случува кога ќе завршам на работа да не си одам дома туку да прошетам покрај езеро да седнам на некоја клупа и само да седам за да си ги наполнам батериите. Јас како млад човек повеќе би сакал да има повеќе филмови на кино, повеќе проекции отколку да има журки по дискотеки , тоа не му фали на Охрид. Журки и дискотеки има доволно.” – вели Павел.
На прашањето “Каде се глед после 10 години” Павел со одговор:
“И после десет и после 20 години се гледам во Охрид , но за жал ќе мора да го напуштам на некое време Охрид бидејќи сакам да заработам пари и да се вратам овде да инвестирам во угостителски објект ресторан каде што ќе се работи баш како што треба. “ Тоа е сонот на Павел Илијовски.
Погледнете ја неговата видео сторија за Заедницата има многу лица.