Заедницата има многу лица
Потреби, предизвици и проблеми на пензионерите во Охрид
Учествувајте во креирањето на емисијата така што ќе ја пополните нашата анкета, во која ќе дадете сугестија или ваше мислење, како да се подобри секојдневното живеење на нашите сограѓани од третото доба.
ТВМ Телевизија во рамки на рубриката „Заедницата има многу лица“ ќе реализира дебатни емисии, со цел, сензибилизирање на јавноста за различните интереси, потреби, приоритети и можности на различни групи граѓани.
Првата емисија ќе ја посветиме на потребите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат лицата над 65 години, во секојдневното живеење во градов, а кои треба да се земат во предвид при креирањето локални политики и колку во заедницата се води грижа за нив.