Skip to main content
Фев 4, 2022

Општина Охрид во партнерство со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за Граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).


Дек 15, 2021

Симулациска вежба за евакуација, според соодветно сценарио, денес, се реализира во основното училиште „Христо Узунов“. Показни вежби и симулации на евакуација во случај на природна непогода претходно се спроведоа во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца. На завршната вежба присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.


Окт 2, 2021

Стив Кирш не е вработен во Американската агенција за храна и лекови (ФДА), па оттука и неговите ставови во никој случај не можат да се оценат како ставови на Агенцијата, ниту, пак, може да се каже дека имало превирања во ФДА во врска со квалитетот на вакцините. Кирш не е медицинско лице и неговите наводи не се научно базирани. Тој се повикува на системот ВАЕРС до кој несакани ефекти по вакцинација може да пријави секој. Според тоа, тврдењето во овој пост на Фејсбук, дека ФДА излегла со став оти вакцините против ковид-19 „убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“ е дезинформација. Тоа е став на поединец, кој нема никаква врска со ФДА.


Сеп 25, 2021

Рускиот товарен брод „Русич 10“ се судри на Босфор со турскиот товарен брод „Тахсин Имамоглу“, објави турската крајбрежна стража, а пренесува Танјуг.


Авг 23, 2021

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто плата 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.


Јул 7, 2021

Во струшката болница на три пункта тече процесот на вакцинација. Досега вакцинирани се 7000 граѓани, а 4500 примиле и втора доза. Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна,а  последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20 јуни.


Мај 15, 2021

ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД е проект кој на граѓаните им овозможува да креираат содржини и да иницараат теми кои сметаат дека се важни за заедницата.


Сеп 25, 2019

Македонска академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, од средината на наредната недела, организираат Научен собир на тема: “Охрид и Балканот, археолошки погледи”.


Апр 15, 2016