Skip to main content
Сеп 27, 2021

Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации. ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран пристап во борба против пандемијата и заштита на здравјето на населението. Ниту една држава не планира укинување на имунизацијата, туку, напротив, повикува на што помасовна имунизација, така што невистинитите наводи во постот можат да ги доведат во заблуда граѓаните и да им наштетат на нивното здравје.


Сеп 11, 2021

И денеска, како на секој 11 септември во изминатите 19 години, Америка повторно за момент ќе запре за да им изрази почит на речиси трите илјади луѓе што загинаа во ужасните терористички напади врз кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, врз Пентагон во Вашингтон, како и при уривањето на патничкиот авион во Пенсилванија.


Авг 2, 2021

Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.


Мар 25, 2021

Пандемијата дополнително ги осиромаши најзагрозените категории граѓани. По струшката чаршија се поеста глетка е питачењето. Надлежните велат дека лицата кои питачат доаѓаат од други градови.


Јул 1, 2019

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.


Јан 18, 2016

Британскиот BBC пренесува дека постојат докази дека врвни тенисери местеле натпревари


Фев 2, 2022

Спасе Кочовски Градоначалникот на Општина Вевчани, синоќа на својот фејсбук профил информираше дека општина вевчани е под дебела снежна покривка.


Дек 13, 2021

Наскоро НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во „Прличевата одаја“ ќе отвори италијанско катче на книгата финансиски помогнато од италијанската Конфедерација на работнички синдикати, локална работна комора на Трентино. (C.G.I.L Confederazione Italiana del lavoro temtoriale Trentino).


Сеп 27, 2021

Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти со цел да се покаже дека вакцините се ефикасни, а невакцинираните заболени намерно се ставаат на респиратор, како што се тврди во овој пост, се неосновани и без докази.