Skip to main content
Сеп 27, 2021

Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Овие честички се мали респираторни капки или аеросоли. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во опсег од 1 метар. Никако преку авиони, стотици метри над површината на земјата. ПЦР тестот којшто се споменува во овој пост, не детектира некакви „токсични наночестички“, туку многу прецизно го детектира коронавирусот!


Сеп 14, 2021

Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.


Авг 6, 2021

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.



Јул 17, 2019

Вечер на програмата на „Охридско лето“ вистинско музичко доживување за љубителите на класичната музика, звуците на пианото, виолината и виолончелото. Шестиот ден од програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело.


Јан 21, 2016

17 англиски клубови во топ 30 по приходи


Фев 2, 2022

Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб „Црвена Звезда“ ќе биде на подготовки во Охрид, информираат од ЈП „Билјанини извори“.


Дек 13, 2021

На плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.


Сеп 27, 2021

Ниту имињата на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, „Фајзер“ и „Модерна“, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот.