Кривични за две лица од Велешта поради насипување на градежен шут во водите на езерото
ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велешта поради узурпација на 1.372 м2 државно земјиште и насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро.
Руска ноќ на пијаното на „Охридско лето“
Вечер на програмата на фестивлот „Охридско лето“, пијано концерт на пијанистката Виолета Егорова од Русија.
Марија Шарапова брзо почувствува што значи допинг скандал
Руската тенисерка почна да ги чувствува последиците од допинг скандалот
Охридски туристички работници дел од саемот на туризам во Истанбул
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот деновиве одржа презентација пред тур-операторите кои ќе бидат ко-егзибитори на саемот во Истанбул, Турција од 9-12.02. 2022 година.
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГИЗ
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ). На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти.
Антиваксерска објава лажно го обвинува Бил Гејтс за милиони смртни случаи од вакцини
Бил Гејтс не фигурира како сопственик на која било од фармацевтските компании, кои ги направија различните вакцини против ковид-19 што се администрираат ширум светот. Ковид-19 не е „невидлива болест“, како што се тврди во постот. Податоците говорат дека заклучно со 22 септември со коронавирус се заразиле 230 милиони луѓе, а за 4,7 милиони овој вирус бил кобен и починале како последица од вирусот. Исто така, нема никакви докази дека во Африка умреле 20 милиони дечиња поради вакцинација, ниту, пак, ваква огромна бројка некогаш била објавена во јавност.
Шарпланинец ја искасал до смрт својата сопственичка
Куче шарпланинец на улица „Сарајлија” во Крагуевац ја касна за врат и ја уби сопственичката Милоратка Веjковиќ (69).
Околу 600 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.
Додека во Охрид се уриваат објектите на плажите, во Струга угостителите се подготвуваат за летната сезона
Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко тврди дека во Струга нема дивоградби во заштитениот појас. Но и во Струга, исто како во Охрид на концесионерите им се истечени договорите. Во однос на палењето на трската во Калишта пред туристичката сезона , струшкиот градоначалник е дециден дека нема да дозволи дивоградби на тој потег.