Карпа се одрони во двор на куќа во Радожда
За среќа нема повредени. Камењата уништиле помошни простории. . Карпата се одронила најверојатно поради мразот и ниските температури. Од општината најавиле расчистување на одронот но семејството Пејоски и нивните соседи стравуваат од нови одрони.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА
Делегација на Општина Охрид, составена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски од 11-ти до 14-ти јуни престојуваа во официјална посета на Народна Република Кина.
Златната топка по петти пат за Лео Меси
Доделувањето на златната топка ја одбележа фотографијата за која сите зборуваат
Екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” веднаш на терен
ЈП „Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи.
10 возачи управувале моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Охрид
На 10-ти и 11-ти декември 2021 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-05, Кичево-02, Дебар-01).
Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо
Постот што го анализираме ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК.
Папата Франциск испрати 15 000 сладоледи за затворениците во Рим
За време на едно од најжешките лета во италијанската историја, папата Франциск им испрати 15.000 сладоледи на затворениците во два римски затвори, објави Ватикан вчера, а пренесува „Телеграм“.
Гром усмрти 25 годишно момче од Тетовско
25-годишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа почина од последица од удар на гром.
Професор од Струга шест години чека решавање на работниот статус
Стефан Нестороски од Струга, предава хармоника во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ со месечен договор на дело, нема здравствено осигурување, не му се води работен стаж. Со полно работно време тој сепак се пријавува во Агенцијата како невработен. Вели дека размислува среќата да ја побара надвор од државава.