„Брејк а Лег“ ќе ја претставува нашата земја на Европското Првенство во ХипХоп и Брејкденс во Италија
Танчерите на Брејк а Лег ќе ја претставуваат нашата земја на Европското Првенство во ХипХоп и Брејкденс кое ќе се одржи од 16ти до 19ти Мај во Римини, Италија.
Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито
ФИФА е на удар поради корупција од неверојатни размери
Пукање пред хотел во Струга
На 25.02.2022 година околу 14 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на влезот во хотелски објект на улицата „Партизанска” во Струга, било пукано од огнено оружје.
Советниците ги изгласаа измените на годишниот план за вработување во Општина Охрид
Охридските советници ги изгласаа измените на годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2022 година. Со одлуката се предвидуваат нови 10 вработувања за кои опозицијата побара да се пополнат со унапредување на лица од постојните вработени во администрацијата. Секретарот на Општината со објаснување дека најголем дел од позицииите мора да се предвидат поради пензионирање на службеници и дека сите вработувања во планот не значи и дека ќе се реализираат. На денешната седница беа донесени 30-тина одлуки за вклопување бесправно изградени објекти, а беше и констатирана оставка на еден член на советот.
ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN
Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време.
Британските лекари не добиваат 12.58 фунти по вакцина, туку парите се за ординацијата
Невистинито е тврдењето во постот дека лекарите во Велика Британија ќе добијат пари по администрирана доза на вакцина. Овие пари се за да се спроведе процесот, да се обучат лекарите и да функционираат приватните амбуланти, како што било случај и со вакцината против грип. Британскиот модел на финансирање на амбулантите функционира како мал бизнис, каде што за секоја дополнителна програма потребни се медицински средства, кадар и простор за да се спроведе вакцинацијата, а овие пари, односно фондови, не одат во џебот на лекарот, туку во самата ординација. Но, најголемата невистина е дека овие пари се за да се мотивираат здравствените работници да вакцинираат деца. Овој финансиски надомест е воведен на почетокот на вакцинацијата во Британија, кога воопшто не беше на повидок дека вакцината на „Фајзер“ ќе се администрира на деца.
Терористички напад во Нов Зеланд
Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје.
Објавен последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2
Објавен е последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2 мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси, информираа денеска на заедничката прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Со грант од ЕУ, Општина Дебрца доби канти за собирање комнален отпад со што започнува организираното подигање комунален отпад
Во некои од селата во средна Дебрца, деновиве пристигнаа кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“’, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).