Античка фурна за печење тули исцртана со графити
Несовесни лица исцртале со графити античка фурна за печење на тули која се наоѓа кај хотел Гранит. Сликата ни ја испрати Владимир Сттојкоски во рубриката „Ти си твојот град“
Во Горенци приведено лице од Албанија поради незаконит лов
На 06.12.2021 во 15.00 часот во селото Горенци, општина Дебрца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид, го лишија од слобода Ф.Ч.(34) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов” по член 228 од Кривичниот законик.
Немојте да постите 40 дена на вода како детоксификација после вакцина!
Објавата освен што дезинформира, таа е и опасна по здравјето на луѓето, затоа што доготрајниот пост на вода не смее да се практикува без медицински надзор, особено не 40 дена! Научни студиии поажуваат дека долгорочните пости на вода се поврзани со нездраво слабеење, губење мускулна маса, постојан замор и може да му наштетат на имуниот систем. Што се однесува до вакцината, не е потребно никакво детоксифицирање од неа, затоа што во случај на мРНК вакцина, телото ја распаѓа мРНК и ја чисти од него.
СЗО тврди дека не е потребна трета доза вакцина
Моменталните податоци не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина против ковид19, рече денеска главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Соумуа Сваминатан.
Започнаа уписите во средните училишта
Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска и ќе трае во наредните три дена. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.
Отпочнаа градежните работи за уредување на рекреативната патека од Струга до Калишта
Атрактивната пешачка зона ќе води покрај езерскиот брег и ќе биде во должина од еден и пол километар. Изградбата на патеката чини 4 и пол милиони денари, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој, струшката локална самоуправа и Министерството за локална самоуправа.
Со матични клетки против вирусот ХИВ
Британец е вториот човек во светот дијагностициран со најчестиот тип на ХИВ вирус кој најверојатно е излечен од инфекцијата по трансплантација на матични клетки.
Тешка несреќа на тренингот на Формула1 во Русија
Возачот на Торо Росо е сместен во хеликоптер со кој е превезен во болница
Пронајдена марихуана во домот на 28-годишен охриѓанец
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Охрид.