Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид
Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја шират делта варијантата подеднакво, но вакцината штити од тежок исход и хоспитализација како и од смртност кај оние што ќе ја примат.
Фрлен солзавец на концерт на Горан Бреговиќ во Корча
Албанската полиција уапси осум лица осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Корча.
Во пораст трговијата со деца на Западен Балкан
Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан”.
Седумчлено семејство живее под отворено небо
Мажот е слеп и не работи а неговата сопруга се грижи за него и за пет деца меѓу кои 12месечно бебе. Молат за помош , бараат било какво сместување за да се засолнат во ладните зимски ноќи.
„Ти во седум бои“ најнова претстава на Независната Аматерска Театарска група „Аматер“
Наскоро охриѓани ќе може да уживаат во најновата претстава на Независната Аматерска Театарска група „Аматер“.Станува збор за претставата „Ти во седум бои“. Насловот на претставата е инспириран од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски, од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“.
Мурињо бесен од казната кој ја доби од FA
“Срамота е што направија…”
Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација
Жените сопственички на бизниси се вмрежуваат преку Националната платформа за женско претприемништво за подобрување на бизнис климата за развој на нивните фирми. За искористување на претприемачкиот потенцијал на жените потребна е соработка со локалните власти и стратегија на ниво на државата. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, неодамна потпиша декларација за соработка со оваа платформа.
Расчистена дива депонија во населба Далјан
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас.
Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година
Се слушнаа прашања кои се однесуваат на проектите предвидени за просторот на поранешната Касарна, начинот на финансирање на тие проекти и нивната одржливост во иднина. Од ТЛЕР одговорија што се планира на просторот на поранешна Касарна и како ќе се финансираат проектите.