Skip to main content
Дек 13, 2019

Фабриката „Подгорка“ е најголемата ипард инвестиција досега реализирана  во земјава тешка 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови. На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи.


Апр 1, 2019

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3)  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот.


Окт 16, 2015

Го разоткриле домашните медиуми


Јан 28, 2022

Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.


Јан 3, 2022

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот.


Дек 7, 2021

Од министерството за економија ќе ја прошират листата со производи чии цени нема да се зголемуваат доколку има опасност од нови ценовни шокови. Од Државниот пазарен инсепкторат информираат дека ќе контролираат дали трговците ја почитуваат одлуката.


Авг 29, 2021

Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет на Инфективната клиника во Скопје е полн, односно има 159 ковидпациенти во клиниката и во модуларната болница.


Авг 23, 2021

Грчката противпожарна служба испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.


Јун 23, 2021

Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени.