Во Австралија не се случија ниту „огромни протести“, ниту „револуција“
Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така што, протестите не биле огромни, како што се прикажува во постот. Исто така, тврдењето дека e „започната револуција“ е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не се бараше промена на власта. Демонстрантите со извиците „слобода“ бараа укинување на полицискиот час и на рестриктивните мерки.
Холандија ги отвора вратите за македонците
Патниците од Македонија, како и од Албанија, Србија, САД, Либан и Тајван, можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, јавуваат тамошните медиуми.
Мерко: Во заштитената зона нема ниту една дивоградба
На три месеци до рокот за доставување на прогес извештај за постапувањето и сработеното по препораките на УНЕСКО, не се знае колку дивоградби има во Струга и колку од нив се во во зашитениот појас на Охридското езеро. Струшкиот градоначалник Мерко не отстапува од тврдењето дека нема ниту едена дивоградба. Граѓаните од струшката локална власт бараат транспарентност а државата почитување на договореното.
„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.
Луис Хамилтон славеше и во Русија
Фетел го престигна Розберг во генералниот пласман
Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид
И понатаму само двајца педијатри обавуваат амбулантски прегледи. Загрижувачка е состојбата и на гинеколшкиот оддел каде што само еден педијатар неонатолог се грижи за здравјето на новороденчињата.
Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални
Вакцините кои се користат во Македонија не се експериментални. Вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021, а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото ефикасно средство за борба против коронавирусот.
ОХРИД ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВОГОДИШНО РУВО
Општина Охрид започна со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.