Академик Љупчо Коцарев добитник на Св. Климентовата награда-Патрон на Охрид за 2021
Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид за 2021 година во рацете на академик Љупчо Коцарев. Комисијата за одбележување празници и доделување награди и признанија годинава додели три повелби. Светиклиментова повелба годинава се доделува на Гордана Лолеска, Здружението ЕКО ФАП и постхумно на Мишо Јузмески.
Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците
Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип. Во екот на панедемијата со коронавирусот, односно нејзиниот четврти бран, кој беснее во Британија, а особено во есенските месеци, поради сличноста на симптомите тешко ќе биде да се разграничи кои лица имаат грип, а кои ковид. Особено зашто делта варијантата кај младите некогаш има симптоматологија на грип, значи, течење на носот, кашлица и изнемоштеност. Затоа, британските власти сакаат двојно да ги осигураат своите граѓани и да им овозможат имунизација против двата вируса.
Експлозија во хемиска фабрика во Леверкузен
Силна експлозија од хемиска компанија денеска одекна во германскиот град Леверкузен. Пет лица се водат за исчезнати, а неколкумина се повредени. Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласила тревога за „екстремна опасност“.
Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено
Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.
Нов Мега маркет на МИСА во Струга
МИСА им излегува во пресрет на потрошувачите со огромен асортиман на производи на 900 метри квадратни и сопствен паркинг простор.Станува збор за домашна инвестиција, која отвори нови 40 вработувања, шести по ред маркет во ланецот Миса
ИМПРОВОКАЦИЈА С05Е03 on it’s way!!!
По што се разликува оваа импровокација од сите претходни? Искрено кажано? По сѐ !!!
Шпанските Барселона и Севиља во супер купот на УЕФА
Се среќаваат двете екипи кои освоија најмногу титули во последните 10 години
Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта
Преку отворено писмо до Градоначалникот на Охрид од граѓанската иницијатива Охрид SOS повикуваат итно да се спречи загадувањето на Охридско Езеро. Ова е стар проблем кој се провлекува со децении кај месноста „Мазија“, а од надлежните нема решение и покрај бројните најави за спречување на излевањето на отпадни води на тој потег.
Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството
Бавно се случуваат промени кон подобро во сите сфери на социјалниот живот на лицата со попреченост, укажуваат од здруженијата за заштита и подобрување на нивните права. Општина Охрид ќе дава и понатаму поддршка за обезбедување на достојни услови за живот на овие лица, порача охридскиот градоначалник Кирил Пецаков по повод 3-ти декември Светскиот ден на лицата со попреченост.