Skip to main content
Јул 20, 2021

Давид Велкоски ни испрати слика со уште едно зајдисонце во Охрид. Сликата е во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната Телевизија ТВМ.


Јул 20, 2021

Франција отвори истрага по наводите дека се шпионирани истражувачки новинари преку израелска програма за набљудување.


Мај 26, 2020

Во текот на изминатото деноноќие, 25/26.05.2020 година, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.


Мај 26, 2021

На предлог на Министерството за здравство, Владата им ги одзеде дозволите за производство на канабис за медицински цели на две компании.


Авг 9, 2016

Michael Phelps го освои своето 19 злато на ОИ, но сите се прашуваа што е тоа по неговото тело


Фев 21, 2022

Нови авио чартер линии за зголемување на бројот на туристи во 2022 година, најавуваат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Се работи на авио поврзување со Измир, Тел Aвив, Белград и други дестинации. Впечатоците од претставувањето на туристичките потенцијали на земјава на саемите во регионот се позитивни.


Фев 10, 2022

Денешната 8-ма седница на Совет на Општина Охрид беше прекината поради технички причини. Советничката група на СДСМ пред да биде прекината седницата побара пауза за координација по однос на точки на дневниот ред кои се однесуваат на легализации на дивоградби во близина на крајбрежјето и во НП Галичица. Претходно и активистите од ОХРИД СОС побараа спорните точки да бидат повлечени од дневен ред затоа што се на штета на светското наследство и спротивни на препораките од УНЕСКО.


Фев 22, 2019

На 21.02.2019 година, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од Лешник  и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.


Дек 23, 2021

Владата го усвои новиот закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Нема да може да се легализираат дивоградби изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, објекти изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, како и објекти изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, кажа на денешната прес конференција Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година.