Билдер крвнички претепа вработена во теретана во Белград
Страшна сцена се одигра во позната теретана во Нов Белград, кога еден од корисниците на теретаната одлучи да ја нападне и да ја претепа вработената која се наоѓаше позади пунктот.
Медиум Објектив: Штрајк со црн екран поради селективна уредба на Владата за помош на медиумите
Со прекин на програмата регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа ќе штрајкуваат поради нееднаков третман од страна на Владата кон радиодифузерите. Штрајкот ќе трае се додека владата не донесе нова уредба за неселективна помош и поддршка на сите радиодифузери во услови на криза од Ковид 19, велат од Здружението Медиум Објектив.
Струшкиот отпад ќе се транспортира во Дрисла
Целосна конзервација на постоечката депонија на влезот во Струга, претоварна станица за селекција на отпад, како и транспорт на истиот до депонијата Дрисла во Скопје, се трите фази од јавен тендер за конечно надминување на горливиот проблем со дивата струшка депонија. Од општината сметаат дека се надѕира крај на проблемот, додека пак граѓанските активисти не го делат оптимизмот на локалната власт .
Ефективен притвор за пет лица, Кривичниот суд одлучува денес за останатите
Пет решенија со определена мерка ефективен притвор и две со определен куќен притвор е официјалната одлука кој судот доцна синоќа ја соопшти по распитот на лицата приведени за „крвавиот четврток“. Останатите решенија и официјално соопштение од Кривичниот суд за другите лица, се очекуваат денес.
На праг е трансфер бомба од 42 милиони евра
Манчестер Јунајтед се обидува да искористи ситуација
МНР ги повикува македонските граѓани да ја напуштат Русија
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) упати апел до граѓаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.
Визер ги редуцира летовите од аеродромите во Македонија до познатите туристички места во Европа
Само за еден ден нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, како и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака пишува специјализираниот портал „Exyuaviation“.
Тепачка на улицата „7-ми ноември“ во Охрид
На 29.11.2021 година во 14.20 часот, пред продажен објект лоциран на улицата „7-ми ноември” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(36) врз А.Б.(22), двајцата од Охрид.
Пост на Фејсбук дезинформира дека сите вакцинирани ќе починат наесен
Оваа објава се повикува на антиваксерот Виктор Колман и ја дезинформира јавноста дека вакцинираните ќе почнат да умираат наесен, како и дека се заштитени само од првичната мутација на коронавирусот. Наспроти дезинформациите на Колман, според Центарот за контрола и превенција на болести од САД (ЦДЦ), ковид вакцините се безбедни и ефикасни и може да го спречат ширењето на коронавирусот. Истовремено се наведува дека тие што се вакцинирани, дури и да се заразат со коронавирусот, нема да имаат тешка клиничка слика и нема да бидат хоспитализирани во толку голем обем, споредено со проблемите со кои би се соочиле кога не би биле вакцинирани. Исто така, се посочува дека самите вакцини не можат никого да разболат од ковид-19.