Вакцината против ковид-19 не е генетска терапија
Ковид-19 вакцините не се генетска терапија затоа што не се дизајнирани на ниеден начин да ги променат вашите гени. Генската терапија вклучува правење на намерни промени во ДНК на пациентот за да се излекува генетска состојба. мРНК од вакцината не влегува во нуклеусот на клетката и воопшто нема интеракција со ДНК, така што не претставува генетска терапија. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин. Исто така, во постот не е наведено дека вакцината за децата нема да биде задолжителна. Родителите се тие кои одлучуваат дали ќе ги вакцинираат децата против ковид -19, или не.
12 министри од индиската влада си поднесоа оставка
Вкупно 12 министри денеска си поднесоа оставка во Индија по катастрофалниот бран на ковид-19 кој го зафати државата. Денешните оставки се дел од голема реконструкција на кабинетот на индискиот премиер Наренда Моди во пресрет на изборите догодина.
585 лица не носеле заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Неизвесна е градбата на социјални станови во Струга
Во програмата на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор не е предвидена изградба на социјални станови во општина Струга. Но градоначалникот Рамиз Мерко вели дека силно ќе се посвети на решевање на станбното прашање на најранливите категории граѓани и заради тоа во следниот период ќе преговара со централната власт.
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Охрид
Младински образовен форум Ве поканува на церемонијалното отворање на патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ во петок (24.11.2017) со почеток во 19:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 10-ти декември 2017 година, а влезот е бесплатен.
За Нејмар Копа Америка е завршена?
Драстична казна за најдобриот Бразилец
Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи
Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест.
Започнува научно испитување на Белчишкото блато
Научниците ќе го стават фокусот на рибната популација, но и на физичко-хемиските карактеристики на блатото. Носител на истражувањата се научници од Хидробиолошкиот институт во соработка со научни работници од Институтот за сточарство и Биотехнолошкиот факултет од Битола.
Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација
Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се 0.018 % од популацијата. Австралија има речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот на заболени со ковид-19, кој изнесува околу 31.000, излегува дека процентот на заразени е 0,12, а не 0,018.