Skip to main content
Авг 4, 2021

Овој пост што се споделува на „Фејсбук“ е невистинит. Вакцините немаат магнетизирачко дејство, немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра.


Јул 1, 2021

На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отварање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ.


Мај 18, 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 54-та седница го разгледа и усвои третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на КОВИД-19.


Јан 19, 2018

Томче Голабоски беше најсреќен меѓу стотината капачи кои се фрлија во студените води на реката Црн Дрим во Струга и го фати чесниот крст. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој оваа година присуствуваше на манифестацијата „Водици Струга 2018“ на Голабоски му посака да го следи среќа и добрина низ целата година, да донесе среќа и на Струга и на нашата Македонија.


Окт 20, 2017

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски денеска ќе бидат изведени пред Судот во Солун, поради поседувањето лажни патни документи со кои престојувале во Грција, наведува АНА-МПА.


Јун 4, 2015

Франција и Јужна Африка давале мито за да ја добијат организацијата на СП во 1998 и 2010 година


Јан 13, 2022

Според податоците на веб страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа.


Ное 29, 2021

Од оваа среда, 1-ви декември стапува на сила забраната за употреба на пластични кеси, а ќе биде дозволена употреба само на биоразградливи, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина.


Авг 4, 2021

Научни вистини и актуелни статистички показатели, кои укажуваат за опасноста од т.н. индиски сој или делта варијанта на корона вирусот, искажани од професор и признат медицински експерт, во објава на Фејсбук се претставени како ширење страв, паника и „психопандемија“, што е очигледна дезинформација.