За два дена, два нови случаи на лица позитивни на Covid-19 во Охрид
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19.
Се е подготвено за големиот Богојавленски водосвет, во Струга
Струга подготвена е за најголемиот христијански празник Богојавление – Водици. Во Струга никогаш не престанала традицијата на положување на светиот крст во водите на реката Црн Дрим, велат од Цркавата Св Ѓорги. А годинешниот кум Славчо Билјан со нетрпение го очекува утрешниот ден и ги покани сите граѓани да присуствуваат на овој свет чин.
Сатиричниот моноспектакл “Писма од земјата” на репертоарот во Народен Театар Охрид
Монодрамата ќе биде изведена во „Народен Театар Охрид“ 20.10 со почеток 20:00. Бидејќи претставата е камерна и бројот на публика е ограничен на 35 места, билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број, 075 283 066.
Откриен нов доказ кој ги докажува криминалите во ФИФА
Се стега обрачот околу секретарот на Светската фудбалска федерација
Одземена лиценцата на „Беса Травел“
Министерството за економија денеска ја одзеде лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.
Денеска се празнува Св. Матеј
Денеска православните христијани го празнуваат Св. Апостол и Евангелист Матеј.
Сингапур не открил дека ковид-19 е предизвикан од бактерија
Невистинит е овој пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување.
Десетици починати поради топлотниот бран во Канада
Топлотниот бран во Канада, кој бележи рекорди на високи температури, доведе до смрт на десетици луѓе, пренесува британскиот сервис Би Би Си. Во областа Ванкувер, од петокот до денеска, полицијата регистрирала повеќе од 130 ненадејни смртни случаи.
42 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час, 37 приведени
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.