Ураганот „Марија“ остава пустош зад себе
Ураганот од петта категорија, Марија, се движи кон Порторико и Девствените острови, откако претходно со својата разорна моќ го уништи малиот карипски остров Доминика, соопшти американскиот Национален центар за урагани.
Историски момент за фудбалот во Белгија
115 години чекање за вакво лудило во третиот град по големина во Белгија
Нема одлука за вакцинација на деца против ковид–19
Погрешно е тврдењето дека е „донесена одлука“ и дека „некој во наше име одлучил“ за вакцинирање на деца од 5-12 години. Одлуката за набавка на 10.000 педијатриски вакцини на „Фајзер“ не е одлука за вакцинација. Крајниот збор за педијатриските вакцини ќе го има националната Комисија за имунизација.
Пожар на ваљак кај „Врбјански мост“
На 28.11.2021 во 06.05 часот, во СВР Охрид Н.Ј.(30) од селото Белчишта пријави дека на магистрален пат Охрид-Кичево, кој е во изградба, на месноста „Врбјански мост”, настанал пожар на ваљак сопственост на фирма.
Не е точно дека Министерството за здравство купило нула вакцини
Факт е и дека имаше голем број на донирани вакцини за Македонија. Меѓутоа, не е точно дека министерот за здравство и Владата купиле нула вакцини против ковид, како што тврди оваа објава на Фејсбук.
Тајни британски документи пронајдени на автобуска станица во Англија
На автобуска постојка во градот Кент на југоистокот на Англија пронајдени се тајни документи од министерството за одбрана во врска со важни воени прашања, јавија британските медиуми.
На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата
На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.
Струга, прави напори да го врати пливањето
Градот на две води, Струга, прави напори да го врати пливањето. Во овој град има еден пливачки клуб кој брои над 300 членови. Во лето пливачите некако се снаоѓаат за одржување на тренинзи, додека пак во зимскиот период тие за тренинг ги користат хотелските базени кои се премали за нормално одвивање на еден тренинг.
Охрид заслужува ултра модерен теaтар
Охрид заслужува ултра модерен тетар, сместен во современа, сопствена зграда, теaтар како посебна правна единица независно од центарот за култура, вели првиот човек на центарот Стрезо Стаматоски.