Skip to main content
хуманитарна забава
Апр 22, 2023
Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности
„Ве очекуваме во недела, да се забавуваме со DJ Shoke, да бидеме хумани и да донираме!“-порачуваат младите од Црвен Крст Охрид. Dress code за забавата се боите на ПХВ, жолто и бело.

Фолклорен фестивал
Апр 22, 2023
„Велигденски фестивалски денови во Охрид“
На фестивалот учествуваат 6 фолклорни ансамбли од Македонија, Србија, Грција и Бугарија со 200 учесници.

Македонска квиз асоцијација
Апр 21, 2023
Да го направиме знаењето фраерлак
Охрид е домаќин на четвртиот и последен Мастерс за оваа сезона, а местото на одржување е амфитеатарот на УИНТ„Св. Апостол Павле“. Настанот ќе се одржи на 7. мај од 12 часот.

Депонија Струга
Апр 21, 2023
Граѓанска тужба за загадување на животната средина
Повеќе од две години трае судењето за струшката депонија. За судот не е приоритет загадувањето на животната средина и штетите по здравјето на луѓето, велат од Здружението на млади правници, кои ја поднесоа првата граѓанска тужба за дивата депонија.Загрижувачки се податоците од вештачењето за последиците врз здравјето на луѓето.Изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и распираторни заболувања.

Претстава
Апр 21, 2023
10 години НАТГ „Аматер“
НАТГ „Аматер“ ве поканува на премиерата на „ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА“ по текст на Горан Стефановски, по повод 10 години од постоењето на театарскатa група.

Апр 21, 2023
Комунален отпад статистика
Рекордер по создаден комунален отпад во 2022 год. е Југозападниот регион со 183 521 тони. Но од вкупно создадениот отпад се собираат само 30%. Во 2022 година секој жител во државава создал скоро по половина тон отпад, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

честитка за Рамазан Бајрам
Апр 21, 2023
Рамазан Бајрам
Рамазан Бајрам е потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, вели во честитката Пецаков.

Домати
Апр 21, 2023
Зеленчукот со замрзната цена тешко се наоѓа во маркетите и на пазарите. Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека наредната недела ќе се знае кои фирми не ги почитувале мерките на владата за замрзнување на цените за овошјето и зеленчукот.