Skip to main content
Охрид
Апр 14, 2023
Временска прогноза
За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Нема да врне само вo сабота.

Велики петок
Апр 14, 2023
Бијат дрвени ѕвона
Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Трска Струга Калишта
Апр 13, 2023
Калишко поле
Нова пролет стари проблеми во струшко. Почна спалувањето на трската во Калишко поле. Изминатава недела евидентирани се два пожари при што е уништена поголема површина на трска. Еколозите алармираат со години. Се уште го нема најавениот видео надзор и ренџерска служба за заштита.

Велигденски базар
Апр 13, 2023
Традиционално по седми пат
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, традиционално и денеска на плоштадот „Крушевска република“ се одржа Велигденски базар. Манифестацијата веќе седма година е промотор на ракотворбите изработени од вредните раце на охридските ученици и вработени во охридските компании. Денес беа изложени велигденски украси, сувенири и традиционални македонски специјалитети, а дел од собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели.

Завод и Музеј извештај
Апр 13, 2023
Ти Си Твојот Град
НУ Завод и Музеј – Охрид извршила увид на градежните активности во близина на Самоилова тврдина, за кои граѓани реагираа со допис до редакцијата на ТВМ. Стручните лица од установата констатирале дивоизведени градежни зафати за што ги известиле инспекциските служби при Управата за заштита на културното наследство во Скопје.

Тепачка
Апр 13, 2023
Свр билтен
Охриѓанец физички нападнал 43-годишен сограѓанин во Градски Пазар Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Марихуана
Апр 13, 2023
Одземени марихуана и шприц со непозната материја
Во струшкото село Мислешево приведен е 45-годишен охриѓанец кај кого се пронајдени марихуана и шприц со непозната материја.

Градски парк
Апр 13, 2023
Паркови и зеленило
Пред големиот христијански празник Велигден, екипите на „Паркови и зеленило“ и дечињата од градинките и основните училишта го украсија градскиот парк.